Достапни линкови

logo-print

Вељаноски-односите со Ирска пријателски без отворени прашања


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Даблин се сретна со претседавачот на Претставничкиот дом на Ирска Шон Берет. Според соопштението на кабинетот на Вељаноски, Берет истакнал дека малите земји, како Ирска имаат проблем да најдат сојузници, а така е и со Македонија.
Тој ја потенцирал поддршката која Ирска и ја дава на Македонија, но сепак изразил жалење што не можеле да влијаат на одлуките на другите земји. Берет на средбата истакнал дека од нивна страна нема ништо што би ја сопрело Македонија да стане дел од Европската унија и ја истакнал поддршката за евроинтегративниот процес на земјата. Вељаноски изјавил дека односите меѓу Македонија и Ирска се пријателски без отворени прашања и се карактеризираат со поголема динамика од претходно.
XS
SM
MD
LG