Достапни линкови

Потребна контрола на договорите за јавни набавки


Архивска фотографија: Собраниска комисија за финансирање и буџет.
Архивска фотографија: Собраниска комисија за финансирање и буџет.

Опозицијата смета дека со анекс договорите се изигрува законот, додека, пак, Државната комисија за жалби по јавни набавки вели дека нема ингеренции да го следи спроведувањето на договорите.

Потребна е контрола врз спроведувањето на договорите од јавните набавки особено врз делот со анекс договорите. Ова може да се изведе како општ заклучок од денешната собраниска комисија за финансирање и буџет. Опозицијата смета дека со анекс договорите се изигрува законот, додека, пак, Државната комисија за жалби по јавни набавки вели дека нема ингеренции да го следи спроведувањето на договорите.
Или ќе се формира некој посебен орган којшто ќе го следи тоа или во рамките на постојните органи да постојат, а и сега постојат. Во секое министерство постои орган којшто врши следење на склучените договори, па тие извештаи да се даваат во едно тело, па едно тело да има контрола на тоа. Во тој поглед и ние сме дале мислење дека е потребна контрола на склучените договори.
Маја Малакова, претседателка на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Претседателката на Државната комисија Маја Малакова вели дека нивната надлежност завршува до склучувањето на договорите.
Илустрација.
Илустрација.

„Или ќе се формира некој посебен орган којшто ќе го следи тоа или во рамките на постојните органи да постојат, а и сега постојат. Во секое министерство постои орган којшто врши следење на склучените договори, па тие извештаи да се даваат во едно тело, па едно тело да има контрола на тоа. Во тој поглед и ние сме дале мислење дека е потребна контрола на склучените договори“, вели Малакова.

Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Марјанчо Николов од СДСМ смета дека со анекс договорите се врши изигрување на законот и дека е неопходно формирање на систем за следење на спроведувањето на договорите.
Се почнува од најниска цена од 100 денари и таа му дава на економскиот оператор да го добие тендерот, ама после анекс, па уште еден анекс, па трет анекс и цената може да стаса и до 1000 денари. Ова се чисто паушални суми колку за пример.
Марјанчо Николов од СДСМ, претседател на Собраниската комисија за финансирање и буџет.

„Се почнува од најниска цена од 100 денари и таа му дава на економскиот оператор да го добие тендерот, ама после анекс, па уште еден анекс, па трет анекс и цената може да стаса и до 1000 денари. Ова се чисто паушални суми колку за пример“, вели Николов.

Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија вели дека други нивоа на контрола го следат тој дел од јавните набавки.

Малакова оценува дека системот за јавни набавки се подобрува, а транспарентноста станува се поголема, но додава дека има потреба од промени во законскиот текст и кадровско зајакнување на комисијата поради зголемените надлежности.

„Понатаму бараме дел од уплатените средства коишто се за надоместок за водење на жалбената постапка и административна такса да може да се уплатуваат на сметка на Државната комисија. Предлагаме да се направат и некои законски измени, потребно е подобрување на законскиот текст“, вели Малакова.

Николов укажува на неколку слабости во системот на јавните набавки, како што се долгите постапки во управниот спорови, недостаток од систем за следење на договорите како и проблемот со финансирање на телата кои треба да вршат контрола врз работата на државниот систем.

„Независните тела или комисиите коишто треба да ги контролираат државните органи се финансираат директно од буџетот. На тој начин се создава простор за ограничување на работата на независните регулаторни тела или во случајот на Комисијата“, вели Николов.

До државната комисија стигнале вкупни 585 жалби кои се однесуваат на 11.689 огласи за јавни набавки објавени на Бирото за јавни набавки. Во однос на минатите години бројот на жалби е намален. Причините за тоа се зголемената едукација на фирмите кои конкурираат на тендерите, како и поради ребалансот на буџетот со што е намален и бројот на распишани тендери. Комисијата од државниот буџет потрошила речиси онолку пари колку што заработила од уплатените такси и предлага дел од тие пари да влегуваат во нивната каса.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG