Достапни линкови

logo-print

Виктор Вазарели за Денот на Европа во Галерија „Остен“


Виктор Вазарели.

Виктор Вазарели.

Над 70 дела на Виктор Вазарели, реномираниот унгарско-француски уметник и творец на „оп-артот“, ќе бидат претставени од вечерва до 28 мај, на големата изложба што во чест на 9 мај - Денот на Европа се одржува во Галеријата „Остен“ во Скопје. За времетраењето на оваа обемна постановка ќе биде прикажан и 55-минутен портрет филм за еден од столбовите на современата уметност кој промовираше општествена уметност достапна за сите, а што го сними националната Унгарска телевизија.

По половина декада од големата изложба во Музеј на современа уметност, визуелниот дух на маркантниот Виктор Вазарели наново го кани на средба урбано Скопје. Над 70 дела, три цртежи, два колажа, четири дела со комбинирана техника, пет скулптури и голем број сериографии, ќе бидат претставени на изложбата што во чест на 9 мај – Денот на Европа ја потпишуваат Галерија „Остен“, делегацијата на Европската унија, Унгарската амбасада и Францускиот институт во Скопје.
Виктор Вазарели е секогаш добредојден да се види, особено поради тоа што тој е заговорник на оној тип на општествена уметност која што е достапна за сите и во која што гледачот не е само пасивен набљудувач на неговите дела туку преку својата имагинација и самиот си создава слики и на тој начин интерактивно учествува во создавањето на уметноста.

Делата се селектирани од целокупното творештво на создателот на оптичката уметност заснована врз интеракцијата помеѓу реалната слика и имагинацијата, создавајќи уметност преку илузија. Ова подразбира дека се опфатени творби од неговиот ран „графички“ период кога тој ја поставил естетската основа за своето истражување, преку неговиот „Жолт манифест“ кога го резимирал концептот „визуелна кинетика“, па сè до познатиот период „Вега“ во 1980-те кога современиот уметник се обидувал да го претстави недостижниот универзум на галаксиите, гигантското космичко пулсирање и биолошкото мутирање на клетките. Сите се на Галеријата која во својата колекција има вкупно 90 дела на Вазарели благодарение на Тибор Чепеи, негов близок пријател и Унгарец кој беше носител на наградата Светско културно наследство во рамките на 37. Светска галерија на цртеж што во Скопје се одржа пред четири години.
Иако Виктор Вазарели е починат во 1997 година јас сум убеден дека би бил горд на овој несекојдневен културен настан бидејќи станува збор за фасцинантен проект што овде во Македонија не обедини нас припадниците на повеќе европски народи – Французите, Унгарците, Македонците и тоа преку концептот на уметноста, преку орудијата на визуелната уметност.

„Виктор Вазарели е секогаш добредојден да се види, особено поради тоа што тој е заговорник на оној тип на општествена уметност која што е достапна за сите и во која што гледачот не е само пасивен набљудувач на неговите дела туку преку својата имагинација и самиот си создава слики и на тој начин интерактивно учествува во создавањето на уметноста“, ќе забележи во предвечерието на изложбата Корнелија Коневска, извршен директор на „Остен“.

Од своја страна, Шандор Матјуш, конзул и советник за култура во Унгарската амбасада во Република Македонија, вели дека Вазарели денес би бил горд на овој културен настан бидејќи на овој начин преку концептот на современата уметност се обединуваат повеќе европски земји.

„Иако Виктор Вазарели е починат во 1997 година јас сум убеден дека би бил горд на овој несекојдневен културен настан бидејќи станува збор за фасцинантен проект што овде во Македонија не обедини нас припадниците на повеќе европски народи – Французите, Унгарците, Македонците и тоа преку концептот на уметноста, преку орудијата на визуелната уметност.“

За изложбата е подготвен и луксузен каталог, а за време на нејзиното одржување љубителите на современата уметност ќе можат да го проследат и 55-минутниот филмски портрет за Вазарели што го има снимено националната Унгарска телевизија.

Инаку, Роден во Печ во 1906 година, Виктор Вазарели е унгарски уметник, натурализиран Французин, кој денес се смета за татко на оптичката уметност. За време на своето творештво тој развива сопствен модел на апстрактна геометриска уметност, работена на најразлични материјали, со минимално присуство на форми и бои. Како графичар се прославува во перидот од 1929 до 1946 со своето прво позначајно дело „Зебра“ кое се состои од накривени црни и бели линии при што наговестува во која насока ќе продолжи да создава.

Вазарели е и меѓу првите светски уметници кои што имаат донирано свои дела за колекцијата на новоформираниот Музеј на современата уметност, по катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година. Во сопственост на оваа македонска уметничка институција се неговите две дела - „Без наслов“ сито-печат во боја од 1968 и „ИОЛ“, масло на платно настанато некаде помеѓу 1952 – 58 година.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG