Достапни линкови

Ставревски-плаќањата се вршат навремено


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави денеска дека буџетот е во добра кондиција и приливот на средствата во првите четири месеци од годинава е соодветен на очекувањата, а плаќањата се вршат навремено. Според него, дефицитот е во рамки на очекувањата и таков ќе биде до крајот на годината. Тој потенцира дека нема заостанати обврски и оти сите фирми навреме добиваат поврат на ДДВ и навреме се исплаќаат сите фактури.
Финансирањето на буџетот, како што рече Стваревски е во согласност со планираното, што подразбира домашно финансирање преку аукции и обезбедените средства со ниска камата со гаранцијата на Светска банка.
XS
SM
MD
LG