Достапни линкови

Путин ја прифати оставката на вицепремиерот Сурков


Вицепремиерот Владислав Сурков со рускиот претседател Владимир Путин

Вицепремиерот Владислав Сурков со рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати оставката на вицепремиерот Владислав Сурков. Според соопштението, Сурков доброволно ја напуштил функцијата. Оставката е еден ден откако Путин упати критика до владата дека не успеала да ги изврши сите негови претседателски декрети.
Во меѓувреме во тек е истрагата за проневера на иновативниот центар Сколково, чиј член на надзорниот одбор е Сурков. Тој беше задолжен за економската модернизација на земјата, а беше познат и како политички стратег на Путин.
XS
SM
MD
LG