Достапни линкови

logo-print

Белгија-уапсени осомничените за грабеж на дијаманти


Белгиското обвинителство соопшти дека 31 лице било притворено во три земји во врска со кражбата на дијаманти вредни 50 милиони долари на бриселскиот аеродром пред речиси три месеци. Според обвинителството, едно лице било уапсено во Франција, шест во Швајцарија и 24 во Белгија.
Полицијата пронашла пари и дијаманти за време на претресот на осомничените. На 18 февруари осум мажи маскирани како полицајци на белгискиот аеродром запленија пратка на дијамaнти кои требало да бидат пренесени во Швајцарија.
XS
SM
MD
LG