Достапни линкови

Курдските бунтовници започнаа да се повлекуваат од Турција


Лидерот на Курдската работничка партија Абдула Оџалан

Лидерот на Курдската работничка партија Абдула Оџалан

Курдските бунтовници денеска почнаа да се повлекуваат од Турција, јави БТА. Повлекувањето се спроведува согласно преговорите меѓу владата и лидерот на Курдската работничка партија Абдула Оџалан, кој отслужува доживотна затворска казна.
На 21 март, кога се слави курдската Нова година, Оџалан ги повика борците да прекинат со огнот и да ја напуштат територијата на Турција.
XS
SM
MD
LG