Достапни линкови

Трилатерална министерска средба: БиХ-Србија-Турција


Ахмет Давутоглу

Ахмет Давутоглу

Министрите за надворешни работи на Босна и Херцерговина, Турција и Србија, Златко Лагумџија, Ахмет Давутоглу и Иван Мркиќ ќе се сретнат денеска во Сараево на трилатерален министерски состанок, на кој меѓу другото ќе разговараат за престојната средба на претседателите на трите држави во Анкара на 14 и 15 мај, јави Анадолија.
Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека министрите ќе разговараат и за регионалната и економската соработка, добрососедските односи, евроатлантските интеграции, како и за подготовката на трилатералниот самит во Турција.
Со цел нормализација на односите меѓу Сараево и Белград, воспоставување на добрососедски односи и регионална соработка, на иницијатива на министерот за надворешни работи на Турција во 2009 година почна одржувањето на трилатералните состаноци на шефовите на дипломатиите на трите земји.

.
XS
SM
MD
LG