Достапни линкови

Фергусон заминува од менаџерската позиција на Манчестер Јунајтед


Менаџерот на фудбалскиот тим Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, по 26 изминати години, ја напушта менаџерската позиција на крајот од оваа сезона.
Објавата на крајот на една од најуспешните кариери на овој спорт беше направена на веб-сајтот на клубот. Седумдесет и едно годишниот Фергусон, 71, го предводеше тимот до 13 титули во Премиер Лигата, вклучувајќи ја и оваа година, и до две титули во Лигата на Шампионите. Тој соопшти дека за него било важно да го напушти клубот кога е најсилен. Засега нема најава кој би можел да го замени Фергусон по завршуавњето на оваа сезона. Немаше најава за кои би можеле да го замени Долгогодишниот тренер Фергусон ќе остане на стадионот Олд Трафорд како директор и амбасадор на Манчестер Јунајтед.
XS
SM
MD
LG