Достапни линкови

4000 маратонци ќе трчаат низ Скопје


Скопски маратон 2012.

Скопски маратон 2012.

Иако пријавувањето сè уште трае, организаторите информираат дека повеќе од 4.000 маратонци од 36 земји го потврдиле учеството на главната трка.

Со рекорден број учесници в недела низ улиците на македонскиот главен град ќе се одржи деветиот Скопски маратон. Иако пријавувањето сè уште трае, организаторите информираат дека повеќе од 4.000 маратонци од 36 земји го потврдиле учеството на главната трка на 42 километри и 195 метри, потоа на полумаратонот од 21 километар (21.097 метри), како и на хуманитарната трка на 5.000 метри (ќе има и детски минимаратон од 500 метри).
Од позвучните имиња доаѓа минатогодишниот победник од Кенија, Патрик Вамбугу, доаѓа и Марија Врањеш, која пред неколку години триумфираше и имаме поголем број на кениски натпреварувачи (пет). Имаме една Русинка, имаме една Романка, така што очекуваме дека, доколку не послужат временските услови, ќе имаме и рекорди на патеката.

Тие ќе се борат за наградниот фонд од 10.500 евра (победниците добиваат по 1.700 евра), а директорот на трката Кире Синадиновски, имајќи ја предвид квалитетната конкуренција, се надева дека ќе биде доделен и бонусот од 300 евра за соборување на рекордот на патеката (2 часа 23 минути и 51 секунда во машка и 2.50.06 часа во женска конкуренција, поставени во 2011 година).

„Од позвучните имиња доаѓа минатогодишниот победник од Кенија, Патрик Вамбугу, доаѓа и Марија Врањеш, која пред неколку години триумфираше и имаме поголем број на кениски натпреварувачи (пет). Имаме една Русинка, имаме една Романка, така што очекуваме дека, доколку не послужат временските услови, ќе имаме и рекорди на патеката“, рече Синадиновски.
Бројот на македонски натпреварувачи се зголемува од година во година. Оние што трчале пред неколку години 5 километри оваа година се префрлуваат на трката на 21 километар и оние од 21 се префрлуваат оваа година, некои од нив, на 42 километри. Така што, со одржувањето на Скопскиот маратон еве расте интересот кај сите кои се занимаваат со атлетика и со спорт.

Тој со задоволство истакнува дека годинава е зголемен бројот и на македонските натпреварувачи. Тоа најавува голема битка и за домашните титули во маратонско трчање (Скопскиот маратон е и државно првенство), а е и најдобар доказ дека маратонот ја исполнува својата цел - популаризација на атлетиката кај нас.

„Бројот на македонски натпреварувачи се зголемува од година во година. Оние што трчале пред неколку години 5 километри оваа година се префрлуваат на трката на 21 километар и оние од 21 се префрлуваат оваа година, некои од нив, на 42 километри. Така што, со одржувањето на Скопскиот маратон еве расте интересот кај сите кои се занимаваат со атлетика и со спорт“, додаде Синадиновски.

Ако на сето ова се додаде дека Скопскиот маратон е влезен во календарот на Асоцијацијата на интернационални маратони (АИМС) и дека преку него може да се обезбеди настап на СП во август во Москва (за мажите доколку 42-та километри ги истрчаат за време под 2 часа и 17 минути, а за жени под 2 часа и 43 минути), тогаш е повеќе од јасно дека Македонија в недела ќе биде домаќин на врвен спортски настан. Тоа бара и врвна организација, вклучувајќи и зголемени мерки за безбедност, особено по минатомесечниот терористички напад на маратонот во Бостон. Директорот на трката потврдува дека на тоа прашање му е обрнато посебно внимание, но и не верува дека нешто слично може да се случи кај нас.

„Ние ги преземаме сите активности во соработка со МВР околу обезбедување на патеката и се надеваме дека нема да имаме такви и слични инциденти. Дури напротив, мислам дека луѓето се се повеќе заинтересирани за маратонските трки, со тоа што сакаат да дадат еден придонес и да испратиме една порака дека спортските манифестации треба да бидат на спортистите“, истакна на крајот Кире Синадиновски.
XS
SM
MD
LG