Достапни линкови

logo-print

Косово - Кељменди пуштен од притвор, па повторно уапсен


Насер Кељменди

Насер Кељменди

Мисијата на Европската унија за владеење на правото на Косово сооопшти дека синоќа го уапсила Насер Кељменди, кој претходно бил пуштен од 48-часовното задржување, откако во неделата, на 5 мај, првично го уапси Полицијата на Косово. Кељменди е уапсен врз основа на налог што го издаде обвинител на Еулекс, се наведува во соооштението на мисијата.
Осомничениот е под истрага и за кривични дела од организираниот криминал, се додава во соопштението.
Со ова „апсење“ е обезбедено предметот Клељменди директно да го преземе меѓународниот обвинител на Еулекс, кој ќе спроведе постапка за предавање пред косовските судови, во кои сигурно ќе има и Еулексови и косовски судии.
XS
SM
MD
LG