Достапни линкови

logo-print

Бесими во Атина на средба со Аврамопулос


Вицепремиерот, задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими денеска во Атина ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Аврамопулос.
Како што соопшти кабинетот на Бесими, на средбата ќе се разговара за билатералната соработка и за европските интеграции.
Посетата на Бесими на Атина ја најави и грчкото Министерство за надворешни работи, но без да соопшти други детали за планираната средба со Аврамопулос.
Грчкиот весник „То Вима“ денешната средба ја става во контекст на, како што се наведува, „барањето од страна на Атина канали за комуникација во Скопје во обид да се олесни решавањето на ќор-сокакот околу прашањето за името“.
XS
SM
MD
LG