Достапни линкови

Асад: Сирија ќе се справи со израелската агресија


Сирија е способна да се спротивстави на „израелската агресија“, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад, по вчерашната средба во Дамаск со шефот на иранската дипломатија Али Акбар Салехи. Тоа е прв коментар на сирискиот лидер по последните израелски воздушни напади, вклучувајќи и бомбардирање врз воени цели во близина на главниот град Дамаск.
Асад го обвини Израел дека поддржува терористи, како што сириската влада ги нарекува борците против режимот.
Салеки изјави дека Иран верува оти Сирија ќе излезе како победник од кризата.
XS
SM
MD
LG