Достапни линкови

Курдските бунтовници го почнуваат повлекувањето од Турција


Курдските бунтовници денеска ќе го започнат повлекувањето на нивните сили од турските бази. Курдската работничка партија (ПКК) прогласи прекин на огнот и вети дека целосно ќе ги повлече борците од Турција како дел од мировните преговори кои имаат цел да стават крај на 30- годишниот конфликт во кој загинаа илјадници луѓе.
ПКК соопшти дека првиот контингент борци ќе ја напушти Турција денеска и ќе замине во базите во северен Ирак за една недела.
И курдските бунтовници и турските власти соопштија дека повлекувањето ќе се одвива тивко и без публицитет.
Целосното повлекување на силите е предвидено да трае три до четири месеци.
XS
SM
MD
LG