Достапни линкови

Обама: нема отстапки за Северна Кореја


Американскиот претседател Барак Обама вчера се сретна со својот јужнокорејски колега Парк Гун Хај, по што изјави дека провокативните акции на Северна Кореја нема да ја натераат меѓународната заедница да направи отстапки. Тој истакна дека последните закани од Пјонгјанг повторно не успеале да го нарушат партнерството маѓу САД и Јужна Кореја.
Обама рече дека Северна Кореја не добила ништо од последните нуклеарни и ракетни проби и само ја продлабочила својата изолација од меѓународната заедница.
XS
SM
MD
LG