Достапни линкови

Судири во Нигерија, 55 загинати


Најмалку 55 лица загинале вчера во напад врз полициска станица во североисточна Нигерија, за кој се осомничени исламски милитанти. Според локалните медиуми, милитантите користеле минофрлачи во нападот во градот Бама во државата Борно.
Засега никој не ја презел одговорноста, но Борно е упориште на исламистичката секта Боко Харам, која се противи на западната едукација и култура и која со години го води бунтот во најнаселената држава во Африка.
XS
SM
MD
LG