Достапни линкови

logo-print

Брод удрил во пристаништето во Џенова, тројца загинати


Товарен брод удрил во контролната кула во пристаништето во италијанскиот град Џенова, при што загинале најмалку три лица, а четворица се хоспитализирани. Засега 6 лица се водат за исчезнати, а постојат страхувања дека неколку луѓе се заглавени во лифтот на контролната кула.
Според првичните информации, бродот кога го напуштил пристаништето моторите очигледно се блокирале и тој почнал да се движи неконтролирано.
На фотографиите кои се објавени рано изутрината на италијанската телевизија, контролната кула е навалена на страна.
XS
SM
MD
LG