Достапни линкови

Конго-најлоша земја да се биде мајка


Во новиот извештај на добротворната организација „Спасете ги децата“ е наведено дека Конго е најлошото место во светот да се биде мајка, додека Финска е најдоброто. Во извештајот се рангираат 176 земји според здравјето на мајките, смртноста на децата, едукацијата и нивоата на приходи кај жените. Најлошо рангирани се земјите од субсахарска Африка, каде една од 30 жени умира при пораѓањето или од други причини.
Во Финска бројката е една од 12 200. Авганистан и Пакистан се исто така меѓу 10 најдолу рангирани земји во однос на бројката на бебињата кои умираат на денот кога ќе се родат.
XS
SM
MD
LG