Достапни линкови

Јанкулоска обвинува, СДСМ молчи


Одбележување на 7 Мај - Денот на полицијата и безбедноста.

Одбележување на 7 Мај - Денот на полицијата и безбедноста.

Министерката за внатрешни работи ја обвини опозицијата и, како што рече, инструментализирани и тн. невладини организации и политичари кои се обиделе да ја потценат полициската униформа. Опозицијата не се огласи и покрај обвинувањата.

Денот на полицијата, министерката за внатрешни работи меѓу другото го искористи и за партиски говор во кој ја обвини опозицијата и, како што рече, инструментализирани и тн. невладини организации и политичари кои се обиделе да ја потценат полициската униформа. Но опозицијата не се огласи и покрај обвинувањата. Обидите да добиеме став од опозицискиот СДСМ за реакција на обвинувањата завршија неуспешно.
Инструментализирани и тн. невладини организации или политичари ниту имаат, ниту ќе имаат мандат лични фрустрации да ги лечат со рушење. Тоа што не можат да ја видат големината на спомениците на бранителите, на Гоце, на Даме или на останатите великани кои се жртвуваа за Македонија, само говори колку се тие мали. Затоа на овој ден во мое лично име и во името на вработените во МВР сакам да им порачам дека тоа што самите не успеале ништо да изградат или да остават трага во историјата на земјата, не им дава за право да ги уништат сеќавањата на они кои со крв ги испишале своите имиња.

Министерката Гордана Јанкулоска изјави дека на 24 декември и потоа во полициската станица во Штип, полициските службеници биле омаловажувани, напаѓани и навредувани, но не дозволиле да бидат вовлечени во насилни сценарија. Потоа, според министерката, омаловажувањето продолжило и со обидот да се деградира враќањето на Јохан Тарчуловски и со актуализирањето на прашањето за рушење и дислоцирање на сите споменици на бранители и херои на Македонија.

Министерката рече дека тие не можат да сфатат дека сите кои ја носат полициската униформа вложиле по нешто во мирот и безбедноста на Македонија, а некои дале се, па според тоа тие херои не заслужуваат таков однос.

„Инструментализирани и тн. невладини организации или политичари ниту имаат, ниту ќе имаат мандат лични фрустрации да ги лечат со рушење. Тоа што не можат да ја видат големината на спомениците на бранителите, на Гоце, на Даме или на останатите великани кои се жртвуваа за Македонија, само говори колку се тие мали. Затоа на овој ден во мое лично име и во името на вработените во МВР сакам да им порачам дека тоа што самите не успеале ништо да изградат или да остават трага во историјата на земјата, не им дава за право да ги уништат сеќавањата на они кои со крв ги испишале своите имиња.“

Нема да дозволиме децата, сопругите и мајките на нашите колеги кои ги жртвуваа животите во 2001-та, да бидат сведоци како некој варварски се обидува да ги збрише паметниците на нивната жртва, изјави Јанкулоска.

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, пак, во интервју за нашето радио изјави дека тезата дека тој ќе руши споменици е политичка теза на власта.

„Воопшто не мислам да одговорам на тие провокации или на тезата дека јас сакам да спречам изградба на Скопје 2014-та, на развој на општината. Општината ќе продолжи да функционира, јас моите проекти морам и сакам да ги изреализирам и воопшто Скопје 2014-та нема да ми застане на патот на таа заложба.“

На празникот на полицијата, претседателот Ѓорѓе Иванов постхумно со медали за храброст одликуваше 32 полицајци.

Стојанче Анегелов од Достоинство ја потсети министерката за внатрешни работи дека сè уште има семејства на загинати припадници на МВР кои не се обештетени.

„Од МВР не се обештетени само 10 семејствата на загинати, со што е направена една голема неправда, бидејќи останатите семејства на загинати се обештетени. Ниту едни пари на светот не можат да го надоместат губитокот на чедото за родителите, но неправда е кога дел од родителите добиел оштета, а останатите не.“

Достоинство има предлог владата да ги обештети семејствата со по 50 илјади евра по семејство.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG