Достапни линкови

logo-print

Курдските бунтовници од утре се повлекуваат од Турција


Патрола на турски војници на границата со Ирак

Патрола на турски војници на границата со Ирак

Курдските бунтовници потврдија дека утре ќе го започнат повлекувањето на нивните сили од турските бази во северен Ирак. Курдската работничка партија прогласи прекин на огнот во мај и вети дека целосно ќе ги повлече борците од Турција како дел од мировните преговори кои имаат за цел да стават крај на 30 годишниот конфликт во кој загинаа илјадници луѓе.
Партијата се бореше со Турција за автономија. И курдските бунтовници и турските власти соопштија дека повлекувањето ќе започне мирно и без публицитет.
XS
SM
MD
LG