Достапни линкови

Владата продолжува со милионските задолжувања


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Владата денеска повторно се задолжува со над 133 милиони евра со три аукции на државни записи и една државна обврзница.

Владата денеска повторно се задолжува со над 133 милиони евра со три аукции на државни записи и една државна обврзница. Во среда доспева рокот за враќање на речиси 2 милиони евра, а според проценките во медиумите, власта им должи 906 милиони евра на приватниот сектор, јавните претпријатија и банките.
Упорноста со која владата го прави ова покажува дека тоа е нејзина стратегија, буквално стратегија бидејќи досега и мало дете ќе се сетеше за едноставниот рецепт дека ако немаш доволно пари, мораш и да штедиш, мора негде да почнеш да кратиш и тоа треба да се направи осмислено, на јавноста однапред да и се каже дека ќе следи штедење и да се види каде тоа треба да се направи, каде е најлесно, каде е најмалку болно или најмалку штетно и со која динамика.

Новото задолжување ќе се додаде на владиниот долг кој за две и пол години се зголеми за милијарда евра.

Зајмењето пари за покривање на тековните расходи е показател дека владата нема пари за подмирување на обврските, вели професор Ванчо Узунов, член на опозицискиот СДСМ.

„Упорноста со која владата го прави ова покажува дека тоа е нејзина стратегија, буквално стратегија бидејќи досега и мало дете ќе се сетеше за едноставниот рецепт дека ако немаш доволно пари, мораш и да штедиш, мора негде да почнеш да кратиш и тоа треба да се направи осмислено, на јавноста однапред да и се каже дека ќе следи штедење и да се види каде тоа треба да се направи, каде е најлесно, каде е најмалку болно или најмалку штетно и со која динамика.“

Владата тоа нити случајно не сака да го помисли, а не па да го каже, додава Узунов.
Тоа е со цел да се држи тој да кажеме приватен сектор субвенциониран, претежно за Скопје 2014, но и за сите други сектори коишто владата ги финансира за потребите на програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Едноставно мисли додека може, бидејќи не може вечно, додека може да се задолжува, а после нека мисли тој што ќе треба да ги враќа долговите. Тоа е краткорочно гледање, ние сега имаме ваква стратегија, а што ќе се случува после – ќе гледаме после“, вели Узунов.

Дополнителен проблем е што неконкурентното македонско стопанство станува зависно од субвенциите кои власта ги обезбедува од позајмени пари, вели економскиот аналитичар Висар Адеми.

„Тоа е со цел да се држи тој да кажеме приватен сектор субвенциониран, претежно за Скопје 2014, но и за сите други сектори коишто владата ги финансира за потребите на програмата на ВМРО-ДПМНЕ.“

Од друга страна, во услови на криза во македонското стопанство владината интервенција со субвенции се чини како единствен излез за загрозени фирми, објаснува Адеми.

„Овие компании станаа зависни од владините пари. Станаа зависни затоа што се потпишани договори со владата за неколку проекти, вклучително и за Скопје 2014, и во момент кога нема да бидат субвенционирани, затоа што немаат силна конкурентна позиција на регионалните пазари, тие ќе крахираат“, вели Адеми.

Инаку меѓународните институции на македонските власти им порачуваат изготвување на тригодишна стратегија за задолжување.
XS
SM
MD
LG