Достапни линкови

Свештеници политичари


Архивска фотографија: Прес-конференција на Митрополитот Петар.

Архивска фотографија: Прес-конференција на Митрополитот Петар.

На Балканот често се случува свештениците да излезат со политички ставови, но ретко кој од нив добро се снаоѓа на политичкиот терен.

Денес живееме во време кога има многу изјави на верските лидери на Балканот, па и поостри од оние што беа искажани кај нас деновиве по повод велигденските празници, а кои може не се секогаш верски. Експертите некои од изјавите ги оценуваат како очекувани и ги поддржуваат иницијативите кои имаат за цел создавање позитивно мислење, но во исто време се загрижени поради можноста некои од изјавите да излегуваат од канонските правила.
Она што мислам дека е прејудицирано доколку се потенцираат одредени политички моменти од нашето живеење, дневно политички, на тој терен ниеден владика, па и нашите, не се снаоѓаат добро.

„Во принцип црквата којашто е народна може да повикува секогаш на вредности што ги тангираат сите наши граѓани. Она што мислам дека е прејудицирано доколку се потенцираат одредени политички моменти од нашето живеење, дневно политички, на тој терен ниеден владика, па и нашите, не се снаоѓаат добро и секоја таква изјава може многу лесно да биде протолкувана како влетување на туѓ терен“, коментира Даниел Димевски.
Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.

Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.


Ако погледнете како се однесуваат верските лидери на Балканот во целина ќе видите дека тие секогаш се јавуваат како заштитници на нацијата, на националните интереси и на потребата јавно да го соопштат својот став.
Во говорот по повод велигденските празници, владиката Петар нагласи дека браковите во голем дел се разведуваат поради горделивоста на жените. Деновиве друг верски претставник кој имаше изјави на поинаква тема се повика на Букурешткиот договор и изрази заштитнички зборови за уставното име на државата. Гледајќи на овие изјави како на нешто што се практикува од верските лидери, Цане Мојановски, поранешен претседател на Комисијата за односи со верските заедници, коментира дека православните цркви често пати се изедначуваат со определен национален или државен корпус и во нивните јавни настапи не се ограничуваат да имаат изјави со кои токму таквиот став го изразуваат.

„Ако погледнете како се однесуваат верските лидери на Балканот во целина ќе видите дека тие секогаш се јавуваат како заштитници на нацијата, на националните интереси и на потребата јавно да го соопштат својот став. Слушнете ги изјавите на пример на солунскиот митрополит во врска со односите меѓу Македонија и Грција. И други такви примери може да се најдат во изминативе години во коишто на еден или на друг начин верските лидери се пројавуваат со ставови кои не се секогаш верски.“

Мојановски вели дека кога општеството нема решение за одредени прашања бара соодветна помош од верските заедници. Познат е обидот на поранешниот претседател Борис Трајковски кога во 2001 го формираше Советот на поглавари на повлијателните верски заедници во Македонија кои беа ангажирани во создавање на позитивно мислење и јакнење на фронтот против воениот конфликт.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG