Достапни линкови

logo-print

Нетанјаху наредил замрзнување на изградбата на доселеничките населби


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наредил да запре изградбата на еврејските населби на Западниот Брег, јави денеска израелското радио. Нетанјаху, пред да замине во посета на Кина за оваа одлука го информирал надлежниот министер Уриј Ариел. Ниту премиерот Нетанјаху, ниту пак министерот Ариел не ја коментираа оваа информација. Според дипломатски извори, ваквиот потег на израелскиот премиер е во насока на напорите на Соединетите Држави за обновување на израелско – палестинските преговори.
XS
SM
MD
LG