Достапни линкови

Бројот на жртвите од урнатата зграда во Дака, над 700


При расчистувањето на урнатините од зградата во главниот град на Бангладеш, Дака, која се урна на 24-ти април, се пронајдени уште тела на настрадани, со што бројот на мртвите од оваа несреќа, надмина 700. Во меѓувреме, стотици преживеани од урнатата зграда во која имало неколку текстилни фабрики, го блокираа патот во близина на Дака, барајки плати и обесштетување. Поради инцидентот е зголемен и меѓународниот притисок врз Бангладеш да ги почитува правата на работниците и стандардите за работа во текстилната индустрија.
XS
SM
MD
LG