Достапни линкови

logo-print

Бостон:ослободен пријател на еден од обвинетите


Пријател на едниот од обвинетите за екслозиите на Бостонскиот маратон, Џогар Царнаев, е ослободен од федералниот притвор додека го чека судењето под обвинение дека ги лажел федералните иследници во текот на истрагата за бомбашките напади на 15 април. Деветнаесетгодишниот Робел Филипос, студент на Универзитетот Масачусец беше обвинет минатата недела за давање лажни информации на ФБИ и може да се соочи со казна затвор од 8 години. Ослободен е под строги услови, во домашен притвор, со електорнска алка и 100 000 долари обезбедување. Тој не беше обвинет за директна вклученост во нападите.
XS
SM
MD
LG