Достапни линкови

Протести против полициска бруталност во Топаана


Жителите на Топаана денеска го блокираа влезот на скопската населба, поради полициско насилство. Тие поставиле контејнери на влезовите и не дозволуваат пристап ни на полицијата ни на минувачите. Тие протестираат против бруталноста на полициските специјалци кои синоќа дошле во населбата во потрага по затвореник.
Ситуацијата ескалирала кога се вмешале жителите кои го попречувале приведувањето на затвореникот. Жителите велат дека четири лица биле приведени, а пет повредени. Од МВР негираат дека била употребена пекумерна сила.
XS
SM
MD
LG