Достапни линкови

Уапсени 7 лица за тероризам во Русија


Седум лица кои се осомничени дека се припадници на меѓународна религиозна екстремистичка група се уапсени во рускиот град Астрахан. Рускиот истражен комитет соопшти дека тие се обвинети за пропагирање тероризам, ширење на верска и етничка омраза и поседување на експлозиви.
Според министерството за внатрешни работи, осомничените биле инволвирани во регрутирање на млади лица од локалното население за да земат учество во екстремистички и терористички активности во Северн Кавказ, Авганистан и Сирија.
XS
SM
MD
LG