Достапни линкови

Бомбашки напад во Пакистан, три жртви


Најмалку три лица загинале во бомбашки напад на изборен митинг во Курам во северозападниот дел на Пакистан. Локалните власти соопштија дека 45 лица биле повредени во нападот, при што некои од нив се во критична состојба. Се уште никој не презема одговорност за нападот.
Повеќе од 60 лица загинаа од почетокот на април во инциденти поврзани со парламентарните избори закажани за 11 мај.
XS
SM
MD
LG