Достапни линкови

Путин утре ќе се сретне со Кери во Москва


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе се сретне со американскиот државен секретар Џон Кери, кој ќе престојува во дводневна посета на земјата. САД и Русија имаат поделени мислења околу сириската цивилна војна, странските усвојувања, листата Магнитски во која се наоѓаат имињата на руски државјани обвинети за кршење на човековите права.
Се очекува Кери да изврши притисок врз Москва да се откаже од поддршката на сирискиот претседател Башар ал Асад. Путин и американскиот претседател Барак Обама ќе се сретнат во наредниот месец на маргините на состанокот на земјите членки на Г8 во Северна Ирска
XS
SM
MD
LG