Достапни линкови

Неделен печат - Кражби на икони, името и економија


Илустрација.
Илустрација.

Република пишува за негрижата за културно-историското наследство во црквите, Капитал за името, а Глобус ја анализира состојбата во економијата.

Република - Има ли компас во МПЦ-Охридска архиепископија?
Последните случувања со кражбите на икони од македонските православни храмови повторно, по којзнае кој пат, ја исфрлија на виделина сета безидејност и неорганизираност на Македонската православна црква, поточно, на членовите на Светиот синод.
Република.

Мошне актуелен, и во овие велигденски празнувања по којзнае кој пат, се покажа долгогодишниот наш проблем: негрижата за бесценетото културно наследство распослано, но веќе проретчено, по нашите цркви и манастири. И тоа, од страна на самите црковни великодостојници. И, провокација неделникот Република да излезе со остар напад врз Македонската православна црква, поточно, врз нејзините челници собрани во Светиот архиерејски синод. „Има ли компас во МПЦ-Охридска архиепископија?“ - прашува неделникот, за да напише: „Последните случувања со кражбите на икони од македонските православни храмови повторно, по којзнае кој пат, ја исфрлија на виделина сета безидејност и неорганизираност на Македонската православна црква, поточно, на членовите на Светиот синод“ - вели неделникот, кој исто така им забележува на црковните првенци дека нивниот приоритет има повеќе лукративна, а сè помалку духовна природа. „Ниедна болница, ниедна хуманитарна акција, ретки обиди за помош на многудетни или социјално загрозени семејства, само мал број проекти во кои се врши едукација на деца или на возрасни верници“ - го поткрепува својот став авторот на статијата за немарот на владиците на МПЦ.
Сосема веројатно и јасно е дека проблемот на Македонија е далеку поголем од камењата, зградите, мермерот, бројот на копита и пушки кај спомениците на Скопје 2014 со кои се дефокусира јавноста во клучни периоди за нејзиниот развој. Има ли свесно политичко лидерство што знае да го препознае овој момент, да отвори очи, па да се почувствува непријатно во друштвото во кое Македонија ризикува да остане? Од нашата маса сите стануваат и си одат... Време е Македонија да се одлепи од ова столче и да сфати дека не е во клубот... туку во чекалната!
Капитал.

Капитал - Каде е Македонија во приказната?

„Каде е Македонија во приказната?“ - прашува Капитал во коментарот посветен на анализирање на состојбата со нерешениот проблем со името во која се наоѓа Македонија веќе 20 години, спроти неодамнешниот договор помеѓу Белград и Приштина, со кој на Србија ѝ се отвора патот кон побрзо приклучување на европското семејство. „Во секој случај, она што е сосема веројатно и јасно е дека проблемот на Македонија е далеку поголем од камењата, зградите, мермерот, бројот на копита и пушки кај спомениците на Скопје 2014 со кои се дефокусира јавноста во клучни периоди за нејзиниот развој. Има ли свесно политичко лидерство што знае да го препознае овој момент, да отвори очи, па да се почувствува непријатно во друштвото во кое Македонија ризикува да остане? Од нашата маса сите стануваат и си одат... Време е Македонија да се одлепи од ова столче и да сфати дека не е во клубот... туку во чекалната!“ - порачува Капитал.

Глобус - Владата ни дава розови очила, банките ѝ даваат на државата чадор за сонце, а ММФ на сето тоа гледа од птичја перспектива

Он-лајн магазинот Глобус е инспириран од економските состојби во земјава, за кои, некако, многу се изнаслушавме во кампањата за локалните, ама сега некако стивнаа работите. „Владата ни дава розови очила, банките ѝ даваат на државата чадор за сонце, а ММФ на сето тоа гледа од птичја перспектива“ - е насловена подолгата анализа во неделникот за актуелната економска состојба во Македонија. Авторот, покрај другото, заклучува дека во земјава никој не смее или не сака да говори за вистинските бројки. Тие се како „басмата на Шукаре“, која „отпосле кажуе“. Само да не биде доцна, предупредува Глобус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG