Достапни линкови

Судски процес против германски неонацизам


Беате Чепе

Беате Чепе

Во судот во Минхен денеска почна судењето против една жена која е обвинета дека и припаѓа на неонацистичка група која извршила серија расно мотивирани убиства што ја шокираа Германија. Беате Чепе е обвинета дека меѓу 2000 и 2007 година учествувала во убивање на осум турци, еден грк и една полицајка, како и во ограбување банки. Таа исто така е обвинета дека и припаѓа на терористичката организација „Национал социјалистичко подземје“. Постоењето на ваква банда беше откриено во ноември 2011 година кога двајца од основачите на оваа организација извршија самоубиство по неуспешниот обид за ограбување на една банка во градот Ајзенах.
XS
SM
MD
LG