Достапни линкови

Најголем интерес за интервјуто со Жерновски


Интервју со Андреј Жерновски
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:18 0:00

Интервју со Андреј Жерновски

Веднаш по објавувањето, неделното ТВ-интервју на новиот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, за Радио Слободна Европа, предизвика бура од реакции.

Уште не стивнале микрофонот и камерата, да се изразиме симболично, неделното ТВ-интервју на новиот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, за Радио Слободна Европа, предизвика бура од реакции на провладините електронски медиуми, на владејачката партија, а веројатно ќе пристигнат уште коментари и на нашата веб-страница.
Кога ќе тепа ЛДП или кога опозицијата ќе дојде на власт, тогаш решавајте го криминалот ако го најдете, а не цел мандат да плачеш и да стопираш.
Коментар од читател.

Протест на отпуштени пожарникари-Македонци во општина Кичево.
Протест на отпуштени пожарникари-Македонци во општина Кичево.
Оние што досега испратиле свое мислење за кажаното во интервјуто, очигледно не го дале својот глас за Жерновски. Јордан од Скопје смета дека Жерновски бил, цитирам, еден од најголемите мафијаши. „Нема ниту ден работен стаж, а веќе тежи милиони“ - пишува Јордан, а Ратко, исто така од Скопје, му препорачува на Жерновски да не плаче, како што пишува, туку да земе нешто да работи. „Кога ќе тепа ЛДП или кога опозицијата ќе дојде на власт, тогаш решавајте го криминалот ако го најдете, а не цел мандат да плачеш и да стопираш“ - коментира скопјанецот.
Ајде сега да го видиме Бадентер во Кичево. Ако не, реципроцитет на национално ниво.
Коментар од читател.

Инаку, треба некој од естаблишментот, доколку сака, се разбира, да се подзамисли за расположението и на Албанците и на Македонците едни спрема други и воопшто за иднината на оваа мултиетничка држава. Судејќи според реакциите за отпуштањата на вработените Македонци во општина Кичево од страна на новиот градоначалник Албанец, човек мора да се подзамисли. Гоце од Скопје бара од власта да го ревидира Рамковниот договор или на Македонците да им ја каже вистината од 2001-та, „каква капитулација потпишаа тогаш нашите политичари, а се правеа херои!“ - пишува Гоце. Редовниот МК Обсервер вели: „Ајде сега да го видиме Бадентер во Кичево. Ако не, реципроцитет на национално ниво“ - бара набљудувачот.

Дека со водата може и тоа колку да се „крои“ политика покажува и случајот со Куманово каде што поради несогласувањата меѓу двете водостопански претпријатија, едно во надлежност на локалната самоуправа, другото под владина ингеренција, кумановци кубурат со „најскапоцената течност што значи живот“. Некој потпишан со Визија од Скопје го објаснува проблемот: „Кој губи има право да се лути, ама нема право да ги казнува граѓаните со жед. Власта одлично ја почна кампањата за парламентарните избори. Е, па народе размисли за кого ќе гласаш, ако не, ќе умреш од жед!“ - иронично коментира нашиот посетител на веб-странцата по текстот за проблемот со водата во Куманово, каде што, познато е, повторно победи досегашниот градоначалник, оној од опозициската СДСМ.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG