Достапни линкови

На Косово уапсен Насер Кељменди


Насер Кељменди

Насер Кељменди

На Косово синоќа бил уапсен Насер Кељменди, потврдија за Радио Слободна Европа полициски извори на Косово. Судот во Сараево во минатата година распиша потерница по Кељменди како дел од акцијата за разбивање на повеќе организирани криминални групи. Според полицијата, тој бил главен финансиер и организатор на прометот на хероин кој во Пеќ пристигнувал од Истанбул и Албанија, а потоа преку Рожај и Нови Пазар во Западна Европа. Кељменди лани беше ставен на црната листа на Соединетите држави и меѓу сите европски криминалци беше оценет како најопасен за американските интереси.
XS
SM
MD
LG