Достапни линкови

Етнос: Нимиц ќе бара одговор пред јунскиот самит на ЕУ


Медијаторот Метју Нимиц се очекува во почетокот на јуни да побара одговор од Македонија и Грција за предлозите кои ги претстави на последната средба со амбасадорите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, пишува грчкиот весник „Етнос“. Според весникот, „Атина не планирала категорично да го отфрли последниот предлог на Нимиц, но се очекува да бара што е можно пошироки промени за да се врати рамнотежата која треба да ја има предлогот за да се одржат надежите за постигнување договор“. Во секој случај, Василакис имал јасни инструкции од премиерот Самарас и министерот Аврамопулос да му сигнализира на Нимиц дека предлозите како „Република Горна Македонија“ не се прифатливи затоа што не се во согласност со грчката позиција за географско дефинирање на терминот „Македонија“ а не на државното уредување“, пишува „Етнос“.
XS
SM
MD
LG