Достапни линкови

Франција-неуспешен тест за лансирање на проектил


Француската војска соопшти дека не успеал тестот на лансирање на ракетен балистички проектил над брегот на Бретања. Според нив, ракетата М51 која не била вооружена со нуклеарна боева глава за време на тестот била уништена брзо по лансирањето над океанот. Морнарицата ги собира остатоците за да утврди што е причината за неуспехот на првиот тест на М51 од 2006 година. Ракетата која има дострел од 8000 километри е во функција три години.
XS
SM
MD
LG