Достапни линкови

logo-print

Третата верска конференција од 10 мај во Скопје


Зградата на МАНУ каде се одржува конференцијата

Зградата на МАНУ каде се одржува конференцијата

Третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог ќе се одржува од 10-ти до 12 мај во Скопје, на тема „Слободата и достоинството – основни вредности во меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓукултурните односи“.
Во рамки на програмата ќе бидат отворени темите: „Плуралистичките општества и религиската толеранција”, „Да се живее заедно со почит кон различностите“ и „Придонесот на медиумите за меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог“.
Со Третата светска конференција ќе бидат одбележани три јубилеи на значајни настани: 1700 години од добивањето слобода на христијанството; 70 години од холокаустот на Евреите и 10 години од Самитот на шефови на држави од Југоисточна Европа „Дијалог меѓу цивилизациите“ во рамките на УНЕСКО и Охридската порака за мир.
XS
SM
MD
LG