Достапни линкови

Ирак-владејачката коалиција со најмногу гласови на изборите


Ирачкиот премиер Нури ал Малики

Ирачкиот премиер Нури ал Малики

Шиитската коалиција на ирачкиот премиер Нури ал Малики освоила најмногу гласови на локалните избори кои пред две недели се одржаа во земјата. Според официјалните резултати, коалицијата на Малики освоила најмногу места во 7 од 12 покраини, но не успеала да добие мнозинство во ниту една област, што значи дека ќе треба да коалицира. Во главниот град Багдад, коалицијата на Малики совоила 20 од 58 места.
Секуларниот сунитски блок освоил само во просек по три места во секоја покраина. Тоа се првите избори во земјата по повлекувањето на американската војска во 2011 година.
XS
SM
MD
LG