Достапни линкови

Бан Ки Мун: Договорот меѓу Белград и Приштина е историски


Договорот за нормализација на меѓусебите односи што го постигнаа Белград и Приштина со посредство на ЕУ, претставува историско достигнување, оценува генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун во неговиот најнов тримесечен извештај за Косово, доставен до Советот за безбедност на Светската организација. Поздравувајќи го постигнатиот договор, Бан оценува дека тој и дава „значителни овластувања на заедницата на српските општини“. Во извештајот, кој се однесува на периодот од 16 јанури до 22 април, се повикуваат Белград и Приштина „да воспостават канали за комуникација и да вложат напори за спроведување на договорот“.
XS
SM
MD
LG