Достапни линкови

logo-print

Кадиров: Чеченија е побезбедна од Англија


Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров кани странски туристи да ја посетат неговата земја тврдејки дека “Чеченија е побезбедна од Англија” на својот “Твитер” профил. Поканата на Кадиров следи по предупредувањето од британското министерство за надворешни работи до туристите кои сакаат да ги посетат Чеченија, Дагестан и Ингушетија. Станува збор за немирни региони во Северен Кавказ каде полицијата и вооружените сили често се судираат со криминални групи и исламистички милитанти.
XS
SM
MD
LG