Достапни линкови

Доделена државната награда Гоце Делчев


Глигор Јовановски, Блаже Боев, Петре Макрески и Радмил Поленаковиќ денеска во Музејот на македонската борба ја примија државната награда „Гоце Делчев“ за 2013 година за особено значајни остварувања од интерес за државата во областа на науката. Годинава Одборот на наградата „Гоце Делчев“ на својата седница одржана на 8 април со тајно гласање донела одлука од 12 научни трудови објавени во 2012 година кои конкурирале на објавениот Конкурс, да награди два. Академик Глигор Јовановски, проф. д-р Блаже Боев и проф. д-р Петре Макрески се наградени за делото „Минерали од Република Македонија со вовед во минералогијата“, објавена во 2012 година. Проф. д-р Радмил Поленаковиќ и 17 коавтори се наградени за делото „Како до сопствен бизнис (Второ издание)“, објавено во 2012 година. Наградите им ги врачи академик Владо Камбовски, претседателот на МАНУ и на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ кој им честита за постигнатите резултати во нивната досегашна научна дејност и им посака уште поголеми научни достигнувања.
XS
SM
MD
LG