Достапни линкови

Карзаи ги повика талибанците да го свртат оружјето


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги повика талибанските милитанти да го свртат оружјето кон оние кои заговараат против Авганистан. Обраќајки се на прес конференција претседателот испрати апел до талибанците да застанат на страната на Мухамед Касим, припадник на граничната полиција кој загина во шестчасовна престрелка на граничниот премин со Пакистан. Авганистанските власти соопштија дека нивните вооружени сили уништиле граничен премин кој го поставија пакистанските власти. Двете страни меѓусебно се обвинуваа за придонесување кон инцидентот.
XS
SM
MD
LG