Достапни линкови

УКИМ објави конкурс за запишување студенти


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје го објави Конкурсот за запишување студенти во прва година во учебната 2013/2014 година, со кој се предвидени 10.311 слободни места. Од нив, за редовни во државната квота слободни се 6.092, 3.144 се за редовни со кофинансирање на студиите и 1.075 за вонредни студенти. Првиот рок за пријавување на кандидатите е на 15-ти и 16 август, вториот е на 3-ти и 4 септември и третиот, на факултетите на кои ќе има слободни места, е на 17 септември.
XS
SM
MD
LG