Достапни линкови

logo-print

Одбележани 110 години од смртта на Делчев


Со пригодна беседа и положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје денеска беа одбележани 110 години од загинувањето на идеологот на македонската револуционерна борба. Пред саркофагот на Гоце се поклонија делегација од Владата, во која беа министрите за култура и за трнаспорт и врски, Елизабета Канческа-Милевска и Миле Јанакиески, и заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, делегации од Кабинетот на Претседателот и од Собранието на РМ, на Армијата на Република Македонија, МАНУ, Институтот за национална историја, од Сојузот на борците на Македонија, од политички партии, организации, здруженија, општини и установи што го носат името Гоце Делчев.
XS
SM
MD
LG