Достапни линкови

Израел извршил воздушни напади во Сирија?


Медиумите повикувајки се на извори на американски државни службеници јавија дека Израел извршил воздушни напади во Сирија. Мета на нападите биле складови со оружје. Службениците велат дека навидум не станува збор за магацини со хемиско оружје. Новинската агенција Ројтерс ја пренесува изјавата на сиријскиот амбасадор во Обединетите нации Башар Ја Афари кој вели дека не е информиран за нападите, додека од израелската амбасада во Вашингтон одбиваат да го коментираат случајот.
XS
SM
MD
LG