Достапни линкови

ОБСЕ бара акција за безбедноста на новинарите


 Дуња Мијатовиќ

Дуња Мијатовиќ

Претставникот на ОБСЕ за слободата на медиумите Дуња Мијатовиќ денеска ги повика 57 земји членки на оваа организација да преземат вистинска акција за да им осигураат безбедност на новинарите. „Длабоко не загрижува тоа што и во 21 век уште еден Светски ден на слободата на печатот минува со повик за безбедноста на новинарите. Ескалираат заканите, заплашувањето, малтретирањето и физичките напади врз членови на медиумите“, оценува Мијатовиќ, додавајќи дека нивната безбедност е основен предуслов за слободното изразување.
XS
SM
MD
LG