Достапни линкови

Протестен собир во Македонска Каменица


илустрација

илустрација

Во центарот на Македонска Каменица денеска се одржа протестен собир под мотото „Четири години - седум жртви, Стоп за црната статистика“. Од Организацискиот одбор истакнаа дека целта на собирот е на мирен и достоинствен начин да се укаже на големиот број рударски несреќи и жртви, за последниве четири години по рестартирањето на рудникот „Саса“ од руската компанија „Солвеј“.На собирот е побарано од надлежните инспекциски органи постојано следење и доследна примена на законските мерки за безбедност при работа.
XS
SM
MD
LG