Достапни линкови

Николиќ: Косово никогаш нема да биде држава


Претседателот на Србија Томислав Николиќ во Ерусалим

Претседателот на Србија Томислав Николиќ во Ерусалим

Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави за весникот „Џерузалим пост“ дека Косово никогаш нема да биде држава. „Знаеме дека Србија ќе биде под притисок да го признае Косово, но ние никогаш нема да го направиме тоа и без согласност на Србија, Косово нема да биде држава“, изјави Николиќ кој во врска со неодамна потпишаниот договор со Приштина вели: „Бевме соочени со дилема: дали да бидеме во постојан судир со Албанците или да го решиме тоа прашање. Немавме многу моќ во наши раце. Имавме добри аргументи и правда на наша страна, но меѓународните медиуми ги поддржуваат Албанците многу отворено“.
XS
SM
MD
LG