Достапни линкови

ЕК - Македонија скромно излегува од економската дупка


Европската Комисијата предвидува раст на македонскиот Бруто-домашен производ за 1,5 проценти во оваа и два насто за идната година, по дефицитот од 0,3 проценти во 2012 година.
Во насловот на извештајот за економските предвидувања за Македонија како земја кандидат за членство е наведено дека таа излегува од коритото, но потоа се наведува оти станува збор за скромно економско опоравување.
За јавниот долг, пак се оценува дека рапидно расте. Тој е наведен како 34,3 проценти за 2013, односно 36,1 насто од БДП за 2014 година.
Во врска со невработеноста е нотирано дека пазарот останува слаб, а дека намалувањето на процентот од 31,4 во 2011 на 31 насто во 2012 најверојатно е статистистички ефект. ЕК денеска ги објави податоците и прогнозите за земјите членки и кандидатите за членство.
XS
SM
MD
LG