Достапни линкови

logo-print

Еврозона - рецесијата во 2013 полоша од предвиденото


Кипар

Кипар

Европската Комисија соопшти дека рецесијата оваа година во евро-зоната ќе биде полоша од очекувањата. Според Комисијата, бруто домашниот производ ќе падне за 0.4 проценти, а се очекуваше пад од 0,3 насто.
Се очекува годинава втората по големина земја во евро-зоната Франција да навлезе во рецесија со негативен растеж од 0,1 насто.
Грција ќе падне за дополнителни 4,2 проценти, но по 6 годишна рецесија, од оваа земја се очекува растеж во 2014 година.
Ке паѓа и економијата на Кипар за 8,7 оваа и 3,9 во следната година.
Просечната невработеност на еврозоната се очекува да биде 12,2 насто. Во 2014 пак се очекува таа да подобри за 1,2 проценти.
XS
SM
MD
LG