Достапни линкови

Велигденски честитки од државниот врв и послание од МПЦ


Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељановски до православните вернизи и до МПЦ упатија честитки по повод празникот Воскресение Христово - Велигден.
Честитки со верниците упати и Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан и Светскиот архиерејски синод на МПЦ.
Во Велигденско послание до православните верници на МПЦ Во посланието покрај жеститките, желбите и и повикот на традиционалните вредности на верата се потсетува и дека годинава се одбележуваат 1150 години од Моравската мисија на светите браќа од Солун - Кирил и Методиј, 110 години од Илинденското востание и 100 години од Букурешкиот мировен договор.
Се упатува повик за сочување на македонското национално единство, и во „поделената Татковина и меѓу иселените Македонци по светот“, за да се покаже дека со ниеден договор и со никаква одлука не може да се подели обединетиот македонски народ.
XS
SM
MD
LG